Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Млад гостиварец со тешки повреди заврши во болница – се судрија „шкода“ и мотоцикл

Вчера, во 22.25 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с. Горна Бањица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл, со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Е. М. (20) од с. Горна Бањица, Гостиварско, и патничко возило „шкода фабија“, со гостиварски регистарски ознаки, управувана од Е. Б. (21) од с. Долна Бањица, Гостиварско.

„Во несреќата тешки телесни повреди добил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Гостивар“, велат од МВР.

Извршен бил увид од екипа на ОВР Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

ТАТКО ОСОМНИЧЕН ЗА НАПАД ВРЗ 13-ГОДИШНОТО ДЕТЕ – Две кривични дела во пријава од делчевско

ДЕСК

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО КОЧАНИ – 67-годишник доби кривична пријава поради закани кон сопругата

ДЕСК

СО МОТОРНА ПИЛА СЕ ОБИДЕЛ ДА НАПАДНЕ ЧОВЕК – Пресметка во гостиварско завршила со кривични пријави

ДЕСК