Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка кај Делчево, има повредени

На 28.04.2023 во 09.40 часот пријавено е дека кај с.Бигла-делчевско се случила сообраќајната несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген венто“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.М.(70) од Македонска Каменица, и патничко моторно возило “фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(54) од Делчево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.М., а со телесни повреди се здобиле сопатничките од возилото “фолксваген голф“ С.Т.(49) и Д.Т.(59), двете од Делчево, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Делчево.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК