26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАИЗБОР

ВМРО-ДПМНЕ води хајка против коридорите и американската Бехтел, тие се против стратешкиот проект

Одговор на новинарско прашање, Миле Талевски, пратеник на СДСМ:

Она што е факт во овој момент а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ води хајка против изградбата на коридорите 8 и 10д и против американската компанија Бехтел којашто е една од најреномираните компании за изградба на автопатишта во целиот свет.

ВМРО-ДПМНЕ води хајка само поради една работа а тоа е да не се изградат автопатите. А зошто водат хајка против Бехтел во неколку наврати ги прашуваме и сеуште очекуваме одговор.

Што се однесува до процедурата за тоа дека договорот ќе биде ставен на разгледување пред пратениците тоа прашање треба да се упати до претседателот на Собранието со оглед на тоа дека само претседателот на Собранието е надлежен за тоа каде и во која Комисија ќе биде проследен овој договор.

Она кое што го бараа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го имаат на увид договорот сега во Собрание врз основа на процедура по деловник на Собранието ќе им биде ставен на разгледување.

ВМРО-ДПМНЕ нема каде да бега и мора да даде одговор на граѓаните зпшто го блокира најголемиот национален капитален проект за изградба на 110 километри автопатишта за рок од 5 години.

ВМРО-ДПМНЕ се ќе направи овој договор да не се реализира.

Но ние како СДСМ и како парламентарно мнозинство нема да им дозволиме да не држат во заложништво.

Договорот го склучивме врз основа на специјалниот Закон којшто е донесен во јули 2021 година и Собранието и Владата имаат обврска овој договор да го реализираат.

Целта на законите којшто ги поднесовме во Собранието е договорот да се реализира што побрзо и да чини поевтино.

Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи да ги блокира овие Закони во Собранието договорот ќе чини многу повеќе и ќе трае многу повеќе време.