Centar.mk
ЛОКАЛНО

Спасовски зборувајќи за урбана мафија праша кој е основач, кој е управител на урбаната градежна мафија во Куманово?

Кумановскиот стопанственик Бобан Спасовски вечерва во емисијата СТАВ на ТВ ПЛУС зборувајќи за урбана мафија праша кој е основач, кој е управител на урбаната градежна мафија во Куманово?

-Ако инвеститорите се делат на погодни или непогодни, дарежливи и недарежливи, а тоа го прават врвот, двоецот, тогаш за што станува збор, кој е управителот, кој е основачот. Јас еве сега велам дека основачот е токму првиот човек на градот, кметот, а управителот е началничката. Ако ме прашате во која група сум јас, јас сум во оние непогодни и недарежливи. Тој излегува на телевизија Сител и зборува за урбана мафија. Градежништвото треба да се почитува, а не да се нарекува мафија, тоа да го кажува човек кој не изградил повеќе од гаража. – изјави Бобан Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Перински: Воспоставена база на експерти за стручна поддршка на општините, повикот повторно отворен за аплицирање

ДЕСК

Градоначалникот на Гостивар, Лимани го промовираше асфалтирањето на патот во Долна Бањица

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК