Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајна несреќа во Скопје, тешко повредени жена и малолетничка

На 26.4.2023, во 21.15 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Козле и улицата Брадфордска во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ. С. (36) од Скопје, и патничко возило „шкода суперб“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е. М. (32) од с. Грчец, општина Сарај.

Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката од возилото „фиат пунто“, М. Т. (36), а телесни повреди добила малолетна сопатничка од истото возило, двете од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена марихуана при претрес во Прилеп, лишено од слобода едно лице

ДЕСК

СДСМ: Вината за Алта банка е кај Мицкоски и Славески – тие ја донесоа во Македонија

ДЕСК

СДСМ: Мицкоски на екскурзија во Германија додека граѓаните не можат до парите и пензиите заради Алта банка

ДЕСК