Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Расчистена кражба во Скопје, приведена скопјанка

На 26.4.2023, во објект на улицата Даме Груев во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕЦР Центар и Бит-пазар ја лишиле од слобода Ж. С. (49) од Скопје. По преземените мерки и активности, било утврдено дека таа на 17.2.2023 во продажен објект на булеварот Никола Карев одзела личен предмет од С. Л. (32) од Скопје. Ж. С. била задржана во полициска станица и во службен разговор го признала делото.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА СЕ ПРИКЛУЧИ КОН ЕВРОПСКИТЕ МЕРКИ – Пакетот опфаќа компании и лица поврзани со руската воена индустрија

ДЕСК

СУДЕЊЕТО НА РИСТОВ ПРОДОЛЖИ СО ДОКАЗИ – Наодите на одбраната ќе се разгледуваат дополнително

ДЕСК

ПОТВРДЕН ПЕТТИ СЛУЧАЈ НА МОРБИЛИ – Институтот проверува дали заразените се поврзани

ДЕСК