Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Каевски од Стразбур: Време е бугарските власти да ги почитуваат одлуките на Европскиот суд

Северна Македонија силно верува во европските вредности и останува целосно посветена на патот кон полноправно членство во Европската Унија, порача пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски, во своето обраќање во Европскиот парламент.

„Ги исполнивме сите услови за почеток на преговорите за членство во ЕУ и имаме поддршка од другите земји членки, веруваме во европските вредности, кои се водилка за развојот на македонското општество“, истакна Каевски.

Пратеникот Каевски во своето обраќање се осврна и на односите со Бугарија и положбата на македонското малцинство.

„Најосновното право што една личност или нација го заслужува е правото на самоопределување. Време е бугарските власти да ги почитуваат одлуките на Европскиот суд за човекови права, каде што јасно е наведено дека правата на македонското малцинство во Бугарија се прекршени, малцинство што државата треба да го препознае и признае и целосно да го почитува нивното место во општеството.

Време е да ги елиминираме сите сомнежи дека одредени политичари сакаат да ги нарушат добрососедските односи помеѓу двете држави одработувајќи за трети страни. Правото на самоопределување е основно човеково право, кое треба да го заштитиме за да можеме заеднички да градиме подобра иднина за нас и нашите деца“, заклучи Каевски.

Можеби ќе ве интересира

Се запали возило во движење на автопат

ДЕСК

Тошковски и Мицкоски на промоција на 120 нови возила за македонската полиција: После 15 години нови возила за полицијата – инвестиција во безбедноста и во достоинството на полицаецот

ДЕСК

Мицкоски: Набавени се 120 нови полициски возила за униформираната полиција

ДЕСК