Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Денес посебен сообраќаен режим во Тетово поради посетата на косовската претседателка

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека денес во градот ќе воведе посебен сообраќаен режим во централното подрачје по повод престојoт на висока делегација на Република Косово.

Временото сообраќајно ограничување почна од 5 часот наутро и ќе трае се до завршувањето на официјалната посета. Како што најави општината, во посета доаѓа претседателката Вјоса Османи Сабриу.

-Во овој период ќе биде забрането паркирање на возилата на булеварот „Маршал Тито“, на потегот од крстосницата со улицата „Видоја Смилевски-Бато“ до крстосницата со улицата „Благоја Тоска“. Покрај ова, нема да биде дозволено паркирање и на улицата „ЈНА“, на потегот од крстосницата на улицата „Димо Гавровски-Кара“ со булеварот „Илинденска“, како и на булеварот „Илинденска“, на потегот од крстосницата на Булеварот „Маршал Тито“ со улицата „ЈНА“. На сите други улици во градот каде е веќе забрането паркирање ќе се санкционираат и подигнуваат возилата, со цел да се обезбеди непречено и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК