Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тлото не се смирува – нов земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава 26.04.2023 година регистрираше два земјотреси од кои првиот 120 km југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Струмица, а вториот на 70 km југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип.

Како што информираат оттаму, според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, првиот земјотресот се случил во 4 часот и 55 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.2 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и бил почувствуван од населението во Струмица и околината, а вториот се случи во 6 часот и 32 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и бил почувствуван од населението во Штип и околината.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК