Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

174 санкционирани возачи во Скопје, 52 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (25.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за непрописно престројување на возила.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ПОВТОРНО ЈА ЗАПАЛИЈА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА: ВМРО-ДПМНЕ со остар став

ДЕСК

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион?

ДЕСК