Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Шокантни се само промашувањата на Мицкоски за енергетиката

На крајот од грејната сезона шокантни се само промашувањата на прогнозите на Христијан Мицкоски, со кои со месеци ја плашеше јавноста, реагира СДСМ откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денес изјави дека е шокантно што со коктел бил одбележан крајот на грејната сезона.

„Мицкоски велеше дека енергетскиот сектор ќе колабира, дека ќе следува зима во која ќе има рестрикции на електричната енергија, прогнозира драстичен раст на цената на струјата за домаќинствата.

На крајот, излезе сосема спротивното. Домашното производство на струја е најголемо во последните години, увозот на струја е намален, а цената на електричната енергија не само што не се зголеми туку таа и благо се намали за домаќинствата и за малите потрошувачи.

Шокантни се непознавањата и промашувањата на Мицкоски во енергетиката.

Шокантно е и тоа што целата своја партија тој ја става во заложништво на Димитар Апасиев и Левицата, па секој ден мора да пласира радикални ставови и пораки во јавноста“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент како на филм во Македонија: Го пресретнале додека возел и му го блокирале патот, па потоа вооружени лица излеглe и му го демолиралe возилото

ДЕСК

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК