Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Боки 13 е хоспитализиран во болница, јавната седница за „Меѓународен сојуз“ се одложи за во јуни

Бојан Јовановски-Боки 13 се уште е во лоша здравствена состојба и во болница. Ова е причината поради која е одложена јавната седница пред Апелација за случајот „Меѓународен сојуз“. Следната јавна седница се закажана за 05.06.2023 година.

„Јавната седница пред Апелациниот суд Скопје по кривичниот предмет КОКЖ-153/22 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“ закажана за ден 24.04.2023 година, се одложи поради неможност на обвинетиот Б.Ј.од С. да присуствува на седницата по скоро извршена хируршка интервенција кој сеуште е хоспитализиран и ја прима неопходната нега, додека за обвинетата Ј.Е. нема уредна достава, за што судот е известен од бранителот дека има промена на адреса непријавена во судот, по што е задолжен бранителот во рок од три дена да ја достави точната адреса“, стои во соопштението на Апелација.

Боки 13 беше опериран и му беше отстранет скоро цел желудник, посочија докторите кои му ја извршија операцијата.

Можеби ќе ве интересира

Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата, велат од СДСМ

C +

СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција

C +

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +