Фејсбук статус на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи:
Со граѓаните на Радовиш се сложивме – СДСМ ја гради државата и се грижи за работниците!
Покрај зголемени плати, создадовме достоинствени услови за работа – Градиме нови и реконструираме постоечки објекти за полицијата, основни и средни училишта, за детски градинки, за болници и здравствени домови.
▶️Горд сум што реконструиравме 78 објекти на МВР, некои реконструирани и после 70 години! Пред точно една година го пуштивме во употреба реновираниот објект на Одделението за внатрешни работи – Радовиш. И тука не застануваме!
▶️80 детски градинки изградивме од почетокот на мандатот во 2017 па до денес, а многу населени места во овој период за првпат добија градинка.
▶️Завршена е реконструкцијата на 29 училишни објекти и е започната во 21 училиште. Како што најавивме, следува реконструкција на 118 училишни објекти во целата држава. И ќе започнеме со целосна реконструкција на сите 9 државни студентски домови.
▶️Во здравството, реализирана е набавка на најсовремени апарати за дијагностика за 14 јавни здравствени установи, во соработка со Светска банка,во вредност од 13.6 милиони евра.
▶️Во овој момент тече изградбата на уште 481 социјални станови.
Рамо до рамо сме, со граѓаните, до победа!