Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајка во Драчево со петмина повредени

Вчера во 18.25 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.“Киро Фетак“ и ул.“Иван Мажураниќ“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки управувано од П.Н.(44) од с.Долно Лисиче, патничко моторно возило “фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.С.(38) од с.Брест и патничко моторно возило “форд фиеста“ паркирано од С.Ш.К.(31) од Скопје.

Во незгодата, како што информира МВР, со телесни повреди се здобиле возачот И.С. и уште тројца сопатници од истото возило, како и возачот П.Н.

Повредите се констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и Градската општа болница “Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Поднесена кривична пријава и одреден притвор за насилници од Турција поради напад врз доставувач во Скопје

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и СДС се во служба на бугарската агенда, Филипче директно соработува со луѓе кои го негираат македонскиот идентитет

ДЕСК

СДСМ: 5 дена до уште една лага и неисполнето ветување на Мицкоски

ДЕСК