Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајка во Драчево со петмина повредени

Вчера во 18.25 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.“Киро Фетак“ и ул.“Иван Мажураниќ“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки управувано од П.Н.(44) од с.Долно Лисиче, патничко моторно возило “фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.С.(38) од с.Брест и патничко моторно возило “форд фиеста“ паркирано од С.Ш.К.(31) од Скопје.

Во незгодата, како што информира МВР, со телесни повреди се здобиле возачот И.С. и уште тројца сопатници од истото возило, како и возачот П.Н.

Повредите се констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и Градската општа болница “Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Големо апсење во Скопје – Уапсено лице осудено на 9 години затвор

ДЕСК

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ВРЕМЕТО, ОД ПОНЕДЕЛНИК ГОЛЕМА ПРОМЕНА – Метеоцентар со детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК

Министерот Минчев на средба со амбасадорот на Кралството Шведска Сулстром

ДЕСК