20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Невреме и пад на температурите во најава – Метеоцентар ја соопшти деталната прогноза за следната недела

До средината на следнава недела времето ќе биде променливо облачно, до вторник во попладневните, а во среда претежно претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Од среда ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер што најпрвин ќе ги намали дневните температури за неколку степени, а посвежо ќе биде и во четврток и петок наутро.

Прогноза за 25.04.2023
Минимална температура: 6°C до 10°C
Максимална температура: 16°C до 23°C

Променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен северен ветер и услови за локално невреме со појава на град.

Прогноза за 26.04.2023
Минимална температура: 5°C до 9°C
Максимална температура: 13°C до 20°C

Променливо облачно, претежно претпладне со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен вдолж Повардарието и во источните делови.

Прогноза за 27.04.2023
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 14°C до 21°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер особено вдолж Повардарието.