Фејсбук статус на Бисера Костадиновска, министерка за култура
Македонскиот идентитетски код е впишан и во македонското литературно творештво.
📖 Кога ја славиме книгата и значењето на авторското право, ставаме акцент на македонската, но и на светската литература, на потребата и значењето да читаме и да пишуваме на својот јазик, да ги преведуваме нашите дела на јазиците на светот.
🇲🇰 Тоа води кон поголема свесност за културниот и националниот идентитет и зајакнување на културните вредности, правејќи нѐ понкурентни во глобалниот свет.
📖 На Светскиот ден на книгната кога го славиме богатството што книгите го носат, како знаење, како информации, како забава, средство со кое полесно го разбираме светот, ви го препорачувам научниот труд ,,Македонски визуелен идентитет: дизајнот како можност за еволуција на традициите од визуелното културно наследство”, на Гордана Вренцоска.
🇲🇰 Трудот ја истражува македонската визуелна ,,генетика” и културните традиции и е доказ дека пишаниот збор останува сила за реализација на многу идеали.
📚 Во овој жив процес, остануваме доследни на почитување на мајчиниот јазик, со почит кон различностите, и продолжуваме со промоција на дела од македонската култура како и културата на сите јазици следејќи ја глобалната тенденција – литературата и културата да станат зедничко светско јавно добро.
На сите писатели, издавачи, публицисти, книжевни критичари и творци од областа на литературата им го честитам Светскиот ден на книгната и на авторското право, со желба дека секогаш да бидете инспирирани за убав македонски збор кој ќе ги освојува читателите ширум светот. Министерството за култура ќе продолжи да ве поддржува, со настојување од година во година да се зголемува поддршката.