2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апсења низ Скопје, МВР со детали

На 23.04.2023 во 02.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.М.(25) и М.А.(30) двајцата од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 22.04.2023 во 23.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 23.04.2023 во 00.20 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.И.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 23.04.2023 во 00.05 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници ги лишиле од слобода А.Р.(32) од с.Шишево-скопско, Л.П.(40), А.С.(43) двајцата од Косово и Б.Р.(29) државјанин на Шведска затоа што кај А.Р. биле пронајдени и одземени пиштол “Глок“ и куршуми. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 22.04.2023 во 17.50 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Џ.(38) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +