Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ и Ковачевски ја донесоа најголемата инвестиција досега вредна 205 милиони евра

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски даваат конкретни резултати, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата порачуваат дека во државата влегува најголемата странска директна инвестиција од независноста досега, во рекордна висина од 205 милиони евра. Станува збор за реномираната компанија која произведува електронски компоненти за познати светски брендови, гигантот „Јагео“, кој склучи дговор за инвестиција во технолошките зони во Скопје и Штип, кои ќе отворат нови близу 4.000 добро платени работни места.

Ова е уште една потврда дека економските политики на СДСМ, членството во НАТО, почетокот на преговорите со ЕУ носат стабилност и предвидлива деловна клима, која привлекува сериозни странски инвестиции, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +

СДСМ нема да молчи: Оставка од Тошковски поради загубените животи!

C +

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК