Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајот на патиштата умерен, на граничните премини не се чека долго

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичиц е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тона.

Но, ограничувања поради градежни работи на пат има на патните правци:

автопатот А1, делница Петровец – Катланово,
државниот пат А2, делница Миладиновци – Хиподром,
експресниот пат од Градско до Дреново, на државен пат А1, делница Велес – Неготино
патниот правец Кичево – Охрид, на делницата од с.Требеништа – Охрид
На патниот правец А2 Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење, информираат од АМСМ.

Можеби ќе ве интересира

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ СКОПЈЕ, МЛАДИ СЕ ПОВРЕДЕНИ – „Мерцедес“ излетал од автопат и завршил во двор на куќа

ДЕСК

ВООРУЖЕН 26-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВО КИЧЕВО – Кај него пронајдени пиштол и 31 куршум

ДЕСК

СО 2,23 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ПРАВЕЛ НЕРЕД ВО КИЧЕВО – Полицијата приведе 62-годишен маж

ДЕСК