7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЕСМ одговори на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ: Празниците се користат за санирање дефекти на РЕК Осломеј

АД ЕСМ во текот на грејната сезона 2022/2023 ги стави во функција сите расположливи производствени капацитети со цел зголемување на домашното производство, успешно справување со енергетската криза без ниту еден ден рестрикции и е насочена кон овозможување на предуслови за стабилизирање или намалување на цената на струјата.

Затоа, овие паушални обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ не можеме да ги земеме како сериозни, а најмалку како вистинити, бидејќи нивниот легитимитет на „загриженост“ е потрошен затоа што тие како политичка партија во време на најголемата енергетска криза беа единствените коишто со ништо не придонесоа за справување со истата, туку напротив, манипулираа и креираа паника и стравови за граѓаните. Посветеноста и заложбата на АД ЕСМ со помош на Владата не дозволија да се остварат тие црни сценарија, туку напротив, успешно, без рестрикции на електрична енергија и позитивна финансиска добивка ја завршија оваа грејна сезона, се вели во соопштението-реакција од АД ЕСМ.

Кога станува збор за РЕК Осломеј, важно е да се напоменат неколку факти. Во 2015 година, РЕК Осломеј произведе само 106 гигават часови, во 2016 само 26,8 гигават часови, а споредбено со овие години, во 2021 година произведе 203 гигават часови, во 2022 произведе 255,2 гигават часови, а од почетокот на 2023 година до денес, РЕК Осломеј произведе 101 гигават часови што е за 4 пати повеќе од целокупното производство во 2016 година каде производната цена била 661, 04 евра за мегават час, а во 2021 била 173 евра за мегават час.

Иако, конзумот за празниците е многу помал споредбено со другите работни денови, во моментов согласно планот, работат двата блока во РЕК Битола со повисока снага, а набавено е и електрична енергија заклучно со 26.04.2023 од 100 мегават часови. АД ЕСМ електричната енергија ја испорачува кон ЕВН ХОУМ кој е универзален снабдувач за домаќинствата и мали потрошувачи, односно над 70.000 мали бизниси како и најголемиот дел од количините за дополнително снабдување по субвенционирана цена за мрежата на ЕВН Електродистрибуција и МЕПСО како и да ги исполни обврските согласно одлуките на влада и склучените договори со образовните институции, од областа на водостопанство и здравствените установи и други субјекти од витална важност во државата.

Бидејќи се задоволува конзумот со овие капацитети, сега е најдобар момент да се санираат дефекти што се воочени и се појавуваат во текот на работата на РЕК Осломеј. На нив се работи во моментот, велат од АД ЕСМ.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК