11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

„Бехтел“ има годишни приходи повеќе од БДП на земјава, го сработиле најголемиот рапид-транзит систем во светот и најголемиот мост на Балканот

Американската компанија „Бехтел“ е формирана на крајот на 19. век – во 1898 година, а изминатата 2022 имале годишен приход од 17,5 милијарди долари, што е повеќе од БДП на Северна Македонија, кој во 2022 година изнесувал 14,2 милијарди.

Според „Форбс“ оваа компании е на 20. Место на листата на најголеми приватни американски компании и работеле и работат на некои од најважните инфраструктурни проекти.

Во Сан Франциско, „Бехтел“ го дизајнираше и изгради најголемиот и најнапреден систем за брз транзит во светот. Овој проект доби признание од „ Американско здружение за јавни работи“ како еден од десетте најважни јавни проекти во 20. век, заедно со браната Хувер, Голден Гејт Бриџ во Сан Франциско и Панамскиот канал.

„Бехтел“ во моментов работи и на изградба на аеродром во Сиднеј. Аеродромот во Западен Сиднеј во Австралија е проект вреден над четири милијарди долари. Овој аеродром во Сиднеј се очекува да биде финализиран во 2026 година и да биде еден од најголемите во Австралија со над 10 милиони патници годишно.

Компанијата функционира во конзорциум со „Енка“ на доста инфраструктурни проекти, како изградбата на Коридорите 8 и 10-д во земјава. Тие зад себе имаат низа на проекти и зафати, како и признанија. Двете компании го изградиле најдолгкит мост на Балканот, над реката Лепенец во Косово, во должина од 5,75 километри.

Освен автопатот во Косово, „Бехтел и Енка“ го градат и автопатот Морава во Србија, делница која се гради со развивање и на најмодерната дигитална инфраструктура и систем за заштита од поплави.

При изградбата на овој автопат ќе се постават и преку 1000 километри оптички кабли кои ќе служат за подобрување на 5Г инфраструктурата. Поддршка и гаранција за овој проект и за конзорциоумот „Бехтел и Енка“ е и британската влада, која обезбеди 430 милиони евра.

Спонзорирано: