10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Центарци се жалеле на гласна музика, па инспекции влегоа во ресторани среде журка – казните се од 6 до 13 илјади евра ако биле бучни

Општина Центар продолжи со контролите за мерење на бучава и гласна музика во рестораните, кафе баровите и кафеаните, по примените поплаки од жителите.

„Вчера вечер, во придружба на општинските инспектори и овластена лабораторија за мерење бучава, бевме на терен каде беа извршени мерења на нивото на гласна музика. Овие денови ги чекаме извештаите од мерењата и доколку измерените вредности ги надминуваат граничните вредности ќе се спроведе санкционирање согласно Закон. Да потсетам дека казните за надминување на граничните вредности од бучава се движат од 6.000 до 13.000 евра“ објави градоначалникот Гeрасимовски.

Тој ги повика сопствениците и управителите на локалите да ги почитуваат дозволените вредности на бучава, во спротивно ќе им бидат изречени глоби во согласност со Законот за заштита од бучава во животна средина.

Спонзорирано: