Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Гир: Северна Македонија останува одговорна за заштита на своите граници, ФРОНТЕКС е тука да помага

„Северна Македонија ќе остане одговорна за заштита на сопствените граници, а силите на ФРОНТЕКС ќе асистираат и помагаат во контролата на граничните премини“ изјави евроамбасадорот Дејвид Гир на свеченоста за почнувањето на операцијата ФРОНТЕКС во земјава.

Тој порача дека Северна Македонија и ЕУ се приближуваат едни кон други по почетокот на преговорите минатиот јули и дека од денес граничнат асоработка станува посилна, пооперативна и поопилива.

„ФРОНТЕКС значи подобрено управување на незаконската миграција и поефективна контрола на границите. Силите на ФРОНТЕКС ќе бидат распределени тука и ќе работат со нивните македонски колеги за да спречат нелегална миграција и криминални активности“ рече Гир.

Според евроамбасадорот овие заеднички напори за контрола на границите ќе донесат придобивки за Северна Македонија, за ЕУ и за сите наши граѓани.

Можеби ќе ве интересира

БЕЗ ВОЗАЧКА, СО 2,75 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ: Маж осомничен за безобѕирно управување, сообраќајка, бегство од полиција, а откако го фатиле ги тепал полицајците

ДЕСК

Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв

ДЕСК

Филипче од Конгресот: „Твоја држава – твоја шанса“ е морален завет на СДСМ

ДЕСК