Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

12 години Centar.mk – тука сме, за Вас!

Денеска се одбележуваат 12 години од основањето на portalot Centar.mk.

Portalot Centar.mk започна со работа на 20 април 2011 и од самиот старт успеа да се издигне како еден од најчитаните медиуми на интернет во земјава, носејќи нови вредности во овој сектор.

Со над сто вести дневно Centar.mk успева со години меѓу најчитаните и најугледните интернет продукти за вести во Македонија, следен од речиси 180.000 граѓани на социјалните мрежи и читаност од 1,5 до 2,5 милиони посети месечно.

Centar.mk како еден од најугледните онлајн медиуми редовно е цитиран од странски и македонски новински агенции, потврдувајќи го фактот дека се пренесуваат исклучиво точни и проверени вести.

Centar.mk е член на Советот за Етика во Медиумите на Македонија, потписник на кодексот за етика на ИАБ и FB верифициран медиум.

Изразуваме голема благодарност за големата доверба на нашите читатели. Се заблагодаруваме и на нашите партнери, најголемите маркетинг агенции, најголемите и најмоќните компании од телекомуникацискиот, фармацевтскиот, градежниот и енергетскиот сектор и фирми од многу други дејности кои секојдневно ни укажуваат доверба преку маркетинг огласувањето кое кај нас има особена вредност.

И во следниот период ќе се ангажираме уште повеќе во подобрување на квалитетот и развојот на нашиот медиум. Ви благодариме за довербата.

Можеби ќе ве интересира

Астролошка прогноза за Македонија во 2026: Година на тешка реалност, економски притисок и судбински избори

ДЕСК

Вечерва страшна сообраќајка кај Петровец, сообраќајот се одвива отежнато

ДЕСК

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

C +