5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАИЗБОР

На Спасовски укажано признание за поддршка и афирмација на спортот на лицата со инвалидност

Фејсбук статус на Оливер Спасовски:

Денеска, во Домот на хуманитарни организации во Скопје „Даре Џамбаз”, на моја особена чест, од страна на Националната Федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Северна Македонија Параолимпискиот Комитет на Северна Македонија, ми беше укажано признание за поддршка и афирмација на спортот на лицата со инвалидност. Притоа, од страна на раководството бев запознаен со идните активности, за кои давам силна и недвосмислена поддршка – секогаш ќе бидам тука за ранливите категории граѓани, во овозможувањето живот без бариери и без дискриминација, со еднакви права како сите останати.

Во оваа прилика, упатувам срдечни честитки до моите пријатели кои се занимаваат со спортот, а кои не дозволуваат инвалидитетот да стане пречка, туку со борбеност и посветеност остѕваруваат големи успеси. Особено го поздравувам мојот сограѓанин, Бранимир Јовановски, кој има извонредни резултати во својата 20-годишна спортска кариера, во која како прв македонски параолимпиец има освоено златен медал на една параолимпијада, како и други бројни меѓународни признанија. Избран е и за најдобар тренер на македонската репрезентација во стрелаштво за лица со попреченост, при што заедно со македонската параолимпијка, светски шампион, Оливера Наковска Бикова, имаат континуитет на успеси во богатата спортска кариера.