Centar.mk
БИЗНИС

„Хајнекен“ ги зголеми цените, му пораснаа и приходите

Холандскиот производител на пиво „Хајнекен“ (Heineken) објави прелиминарен раст на заработката во првиот квартал благодарение на повисоките цени, кои го надоместија помалиот обем на продажба.

Приходите беа поддржани од повисоките цени на пивото и преориентирањето на некои потрошувачи на поскапи производи. Меѓу позитивните фактори компанијата ја издвојува конверзијата на валутата, пред сè, мексиканскиот пезос и бразилскиот реал.

Обемот на органска продажба е намален три отсто, на 54,8 милиони хектолитри, покажува деловниот извештај. Миксот на цени на пазарите каде што компанијата работи повеќе од една година покажува раст од 14,4 отсто.

Можеби ќе ве интересира

БРЗИ КРЕДИТИ, БАВНО ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ДОЛГОВИТЕ – Треба ли Македонија радикално да го преиспита овој пазар?

ДЕСК

ДЕНЕСКА Е ЦРН ПЕТОК – Не дозволувајте големите попусти да ви го испразнат паричникот

ДЕСК

ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ПРЕД ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ – Шпански економист меѓу фаворитите за претседател

ДЕСК