Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ до Ковачевски: Во најкус рок да ни го доставите договорот за коридорите

Група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ побараа од премиерот Ковачевски да им го достави Договорот за изградба на коридорите.

„Во најкус можен рок да ни го доставите Договорот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10Д потпишан на 8.03.2023 меѓу Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот „Бехтел и Енка“. Доколку овој Договор е класифициран со степен на доверливост, во прилог Ви доставуваме и наши безбедносни сертификати кои според член 37 од Законот за класифицирани информации ни овозможуваат пристап до владини документи „државна тајна“, се наведува во барањето потпишано од група пратеници.

Тие укажуваат на потребата да го имаат на увид Договорот, за да можат совесно да гласаат „за“ или „против“, бидејќи, како што нагласуваат, сите предложени измени се поврзани со извршување на Договорот за коридорите.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ СО ОСТАР И ТВРД ПРЕДМЕТ ВО КАРПОШ – На 15-годишник му одзеле лични предмети

ДЕСК

УАПСЕН 27-ГОДИШНИК ВО ДРАЧЕВО – Пријавен за напади врз патници, возач и полицајци

ДЕСК

УДРИЛ ВО ВОЗИЛО НА МВР И НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЈЦИ – Кривична пријава против 27-годишник

ДЕСК