Во демократски услови, неспорен и евидентен факт е дека постои значaјна разлика меѓу носителите на власта и опозицијата во смисла на нивна ОДГОВОРНОСТ. Но, имајќи предвид дека во демократските плуралистички системи, парламетарната опозиција има КОНСТИТУТИВЕН карактер (за разлика од тоталитарните и авторитарните режими), по автоматизам, и таа: опозицијата, имено ПОДЛЕЖИ НА ОДГОВОРНОСТ (!) во врска со нејзините дејствија и поведенија! Особено, во врска со нејзината конституционална должност да допринесува во рамнотежа на демократскиот политички систем; да учествува во носењето на јавните политики и во севкупните политички процеси – се со цел да врши ефикасна контрола над Власта! Тоа е накратко смислата на парламентарните опозиции во демократските поредоци и уште веднаш да запрашам, дали опозицијата предводена од Христијан Мицкоски, исцрпува таквата една нејзина смисла?!
Во современите научни текови, а по налетот на низа проблеми предизвикани од антидемокартските енергии, се попопуларен станува и поимот на ОПОЗИЦИСКАТА ОДГОВОРНОСТ, а кој ротира околу анализи и оценки за тоа:
1. Колку една опозиција суштествено придонесува во конкретните држави кон балансирањето на демократските процеси, наспроти дејствијата на владејачките партии!? Како стои Мицкоски со една ваква оценка ?
2. Колку една конкретна опозиција ги искористува можностите што и стојат на располагање за реално влијание – а во чија суштина се: ефикасното учество во лeгислативниот процес (наместо филибастеринг и блокирање, напр.); навременото и правилно известување на граѓаните за актуелните политички процеси (наместо дезинформирањето напр. на Мицкоски, како што беше нотирано во еден од извештаите за напредокот на РСМ кон ЕУ); [како е оценет Мицкоски за ова, пак?]
3. Kолку опозицијата реално придонесува во работата на Парламентот, затоа што легитимитетот, секоја една опозициската партија, најмногу може да го црпи, впрочем од фактички непреченото дејствување на парламентот каде има најреална можност да нуди конструктивна критика и интервенции. ( Допринесува ли Мицкоски на овој начин?)
Со други зборови, докажливо е мили мои, дека опозицијата своите намери, може да ги исполни АКО САКА!!! Иако не е на Власт, а особено, има можност да дејствува во врска со оние ветувања кои ги декларирала во предизборието, како на пример ветувањата дадени од страна на Мицкоски, а приложени во последната изборна програма. Поточно на стр.207 , дозволете да цитирам што ветува Мицкоски:
… “ИНТЕГРИРАНА И ПОЧИТУВАНА ЗЕМЈА”
Македонија му припаѓа на европското семејство земји со кои имаме заеднички културни, историски и морални вредности, и традиции. ВМРО-ДПМНЕ, членството на Македонија во ЕУ и НАТО ги гледа како заокружување на македонската државност и отпочнување на процес на меѓународна афирмација на македонската култура, јазик и посебност според девизата на нашиот идеолог Гоце Делчев „Светот го разбирам како поле за културен напредок меѓу народите“.
Или на страна 208:” Наша континуирана цел, заложба и стратешки приоритет е интегрирањето на Македонија во Европската Унија. За да го оствариме ова ни се потребни визија, реформи, тимска работа и силна стручна поддршка. Пристапниот процес во Европската Унија е комплексна, долгорочна и сеопфатна процедура која трае подолго од еден владин четиригодишен мандат. За таа цел е неопходно истиот да се заснова на државна стратегија, прифатена со широк општествен консензус, кој ќе ги надмине меѓу- партиските интереси, различни влијанија, пазарења и популизам и која ќе обезбеди долгорочно непроменлив курс во евроинтегративните процеси на Македонија.
И оние на страна 210: ” Евроатлантските интеграции се процес кој го мобилизира целото општество и навлегува во секоја пора на општественото делување. Целосното интегрирање на Македонија во ЕУ останува стратешки приоритет на ВМРО-ДПМНЕ.
Продолжува: “ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе се заложи за задржување на перспективата за полноправно членство на Македонија во ЕУ како единствена посакувана опција за обединување со останатите држави кои се дел од европското семејство. ВМРО-ДПМНЕ, како првата политичка партија во Македонија која ја пропагираше евроатлантската интеграција за нашата држава, нема да отстапи од намерата Македонија да го добие заслужениот почеток на преговори за членство во ЕУ. И како јагода на шлаг ….”
Затоа, во периодот 2020 – 2024 година фокусот ќе биде ставен на:
• Исполнување на сите критериуми за полноправно членство во Европската Унија
• Континуирано исполнување на обврските од членството во НАТО;
• Воспоставување на правна држава и владеење на правото;
• Спроведување на политика на нулта толеранција за корупција;
• Интензивирање на соработката меѓу институциите на Македонија и институциите на Европската Унија;
• Подобро искористување на европските фондови од страна на македонските институции и субјекти;
• Јакнење на капацитетите на државните институции и другите чинители со цел подготвеност за преземање на сите обврски од членството во ЕУ
и така натака и така натака се до недоглед. Полна уста надеж, нула интервенција, нула реалазиција, нула дејства за поместување во насока на реализирање по овие ветувања.
Па добро, мајку му стара, има ли некој во ДПМНЕ да повика на ОДГОВОРНОСТ дека се делува контра СТРАТЕШКИТЕ ЗАЛОЖБИ ДЕКЛАРИРАНИ ВО ПРОГАМАТА на самата ВМРО? Ми се чини дека една специфична политичка култура ја има проголтано сега и дивее во ВМРО, и никако да артикулира дека конструктивноста која се очекува од нивното дејствување не подразбира да се сложуваат со се од владеачката структура, туку да разговараат, дебатираат, аргументираат и тн, се со цел на еден општокористен начин да ја вклучат јавноста во работата на владата и со КОНКРЕТНИ ИДЕИ, предлози и решенија да бидат коректор на власта, за да ја потикнуваат транспарентноста на начин на кој нивното дејствување нема да се сведува само на лаење и критика на се што постои и не постои. Не поради друго, туку поради релевантноста на тоа што се дискутира!
Згора на сè, уште и вклучувањето на општествено неодговорните медиуми и портали, преку кои се сеат семиња на раздор со дезинформации и апсурди, се чини дека е капак на една дебела политичка незрелост, во најмала рака, а изгледа и дебела пара во суштина!
Не знам како може една од најголемите, ако не, и најголемата партија во државава да нема јасни и прецизни ставови, политики, дејствија, кои ќе бидат пред се во рамките на нивните официјални програми?!
Како може партија која јавно и наративно е определена за НАТО и ЕУ вредности и ги истакнува овие вредости како СТРАТЕШКИ ПРЕОРИТЕТИ, ниту еднаш да не даде јасно значење на нашиот прием во НАТО? Како може ова наше најголемо стратешко остварување да се претставува со било каква сомнеж? И ЗОШТО ?
Уште пострашна е ситуацијата кога зборуваме за наше приближување кон ЕУ. Не треба да имаме некоја, не знам каква КВАНТНА меморија, за да се присетиме што се, и какви се невистини беа пласирани во јавноста во врска со процесот на пристапување и преговарчаката рамка – која кулминираше со жесток протест и доживотен инвалидитет на припадник на полицијата . И еве пак, од ден на ден станува се појако и појако.
Зборуваат во програмата и за нашата меѓународна репутација.Па чија е таа и по чија заслуга се добива таа репутација? ПО НА БАБА МИ СИГУРНО НЕ, таа репутација е просек од делувањето на Власта, но и ОД ДЕЛУВАЊЕТО НА ОПОЗИЦИЈАТА по прашања кои го креираат меѓународниот рејтинг на државата! Не е ниту на СДСМ ниту на ВМРО! А ако веќе зборуваме за тоа прашање, да ги чуеме и нашите ЕУ парнери, кого они ОПОМЕНУВААТ И КОГО ГО МОЛАТ ДА НЕ БРЉАВИ?! На што повикуваат, кои се нивните определби каде се наоѓа опозицијата и како е оценето нејзиното делување, токму во ЕУ процеси. СЕКОГАШ СО ОПОМЕНА, за срамота Г-ДИНЕ МИЦКОСКИ!
Предизборната кампања која очигледно не е престаната од локалните избори, целосно е базирана на ОПШТА НЕГАЦИЈА без трошка супстанца и она што е најбитно изостанува понуда на РЕШЕНИЕ кои ќе ја приближи Македонија кон ЕУ семејство. А, за тоа дека се наоѓаме во тешка преговарачка ситуација, јасно ни е на сите, но КОИ СЕ РЕШЕНИЈАТА ОПОЗИЦИЈО НЕДОГОВОРНА и КОИ СЕ ОПЦИИТЕ – ќе кажете ли? Секако дека не! Затоа ДОБОВАТЕ КВАЛИТАТИВ НА НЕОДГОВОРНИ!
Можеби си мисли Мицкоски дека ќе има подобара тајминг за отпочнување на преговорите? БОРЕЛ ЛИЧНО ГО ПОТСЕТИ ДЕКА ТОА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ НИКОГАШ! И УПОРНО, СО ГЛАВТА ВО ЅИДОТ …
На крајот, убедена сум дека не смееме со ваква несериозност да ја оставиме државата и пред нос да ни поминуваат возовите! Не смееме да дозволиме уште години поминати во неизвесност – за на крај да сфатиме дека сето тоа е само пуста желба и борба за гола власт. Мора итно да се коартикулираме и етапно да ги надминуваме комплексните и тешки прашања, а никако не смееме да навлеземе во една уште поопасна зона каде наместо чекори напред да ни се сервираат СКОКОВИ НАЗАД!!! Реторика на отворање на надминати национални прашања, и апсурдни предлози кои не оддалечуваат од целта се особено опасно оружје, и не доближуваат, втурнуваат во едно немирно море полно со ледени гребени.
Немојте Г-дине Мицкоски со тој опасен оган и отров да си играте!
Конечно, како тоа Мицкоски стана се што ВМРО не е ?
Ана Чупеска
Либертас.мк