Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагедија: Познат идентитетот на починатата скопјанка – телото на обдукција

Вчера вечер на автобуска постојка на булеварот АСНОМ, во подрачјето на Аеродром, пронајдена е почината жена во возраст од 45 години од град Скопје, позната како М.Г.

Според пријавата, додека била во автомобилот „рено канго“ со скопски регистарски табели, заедно со својот познаник Т.Н. во возраст од 50 години од ист град, таа колабирала и подоцна починала.

Според лекарите на телото на жената немало видливи траги на насилство и била констатирана смрт.

Според наредба на јавниот обвинител, телото на жената е предадено на обдукција. Полициска екипа извршила увид на местото на настанот.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК