17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКИЗБОР

ДЕНЕСКА СЕ ПОСТИ И НА ВОДА – И на најголемите ГРЕШНИЦИ им се простуваат гревовите на ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК, ако постапат вака

Во тек е Страсната седмица, последната од Великиот пост, а денес е Велики четврток. Православните верници оваа недела од Велики понеделник до Велика Сабота ја поминуваат во строг пост, молитва и покајание во тишина без музика и радост.

Последните 3 дена се посветени на следните настани:

Четврток – предавство на Јуда, петок – осуда, распнување и смрт и сабота – погреб, слегување Христово во адот за ослободување на душите на праведниците кои умреле порано и прво објавување на воскресението.

Народот верува дека и на најголемите грешници кои се причестуваат на Велики четврток им се простуваат сите гревови.

Додека сите останати денови од Страсната седмица (последната недела од Велигденскиот пост) би се постиле на вода, на Велики четврток е дозволено да се јаде храна зготвена во масло, како и да се пие малку вино.

Велики четврток е подвижен празник бидејќи е дел од Великиот, Светиот или Велигденскиот пост кој трае шест недели. Верниците кои ги почитуваат правилата на постот, првата и последната недела не јадат ни риба, туку друга посна храна, подготвена на вода, без масло.