Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска во Кавадарци беа секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ и претседателот на Градската организација на СДСМ Васко Кичевски.
– СДСМ со своите визионерски, државнички и храбри одлуки обезбеди членство во НАТО и обезбеди почеток на преговорите со ЕУ по 17 години минати во чекалната. Сега пред нас е реализација на важната обврска да ги направиме потребните реформи и измени. Време е за глас за Европа. 80 гласа ЗА, кои ќе бидат гласови ЗА Европа. Бројни се придобивките од ЕУ и во поглед на демократизација на државата, но и во делот на финансиската поддршка, а тоа најдобро го знаат земјоделците од овој крај кои се корисници на средства од ИПАРД програмата. Ние сме земја лидер во регионот по искоритеност на средствата од ИПАРД 2 програмата. Се подготвуваме за почетокот на новата ИПАРД 3 програма, каде имаме 62% зголемување на неповратните европски средства. Но не се само неповратните средства, членството во ЕУ значи и отворање на пазарите ширум Европа, порача Маричиќ.
Членката на ИО Мелиса Ценовска Серафимовска и членот на ЦО на СДСМ Оливер Спасовски беа меѓу граѓаните на општина Ресен.
– Во кризна година СДСМ покажа што значат успешни економски политики. Ја зголемивме минималната плата на 20.175 денари и ги усогласивме и останатите плати со минималната. Просечната плата ја зголемивме за 34.000 денари, го исполнивме ветувањето пред граѓаните една година порано. Денеска вработените во МВР но и во други институции имаат поголеми плати за над 3.000 денари во бруто износ. И не само платите, растат и пензиите со рекордни проценти, 16% само во изминатата година обезбедивме поголеми пензии за сите 330.000 пензионери, за повеќе пари и подобар животен стандард за нашите највозрасни сограѓани, посочи Спасовски.
Во општина Неготино Кирил Парталов и Даријан Сотировски пред граѓаните ги претставија мерките и политиките на СДСМ кои обезбедуваат повеќе пари за земјоделците и зголемено домашно земјоделско производство.