Каравнот теренски активности на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ денеска беше и со граѓаните на Долнени и Кривогаштани.
Претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска, заедно Марко Ѓорѓиевски разговараа со граѓаните на Долнени за мерките и политики што се реализираат за ублажување на последиците од светската економска криза, како и за враќање на парите кај граѓаните.
Се грижиме за сите граѓани и во услови на криза обезбивме помош и поддршка за најранливите категории граѓани, во рамките на атикризните мерки во вкупна висина од 760 милиони евра. Со навремени и ефикасни мерки ги намалуваме цените и ги зголемуваме платите и пензиите. Претходниот месец имавме рекордно зголемување на пензиите од 8,4 отсто за сите 330.000 пензионери. Со новата методологија во септември оваа година, за само една и пол година пензиите ќе пораснат за вкупно 25 отсто, порача Тренчевска пред граѓаните на Долнени.
Рамо до рамо со граѓаните на Кривогаштани денеска беа членот на ИО на СДСМ Благој Бочварски, заедно со Пламенка Бојчевска.
СДСМ инвестира во секој регион во секое населено место, за повеќе да нема неразвиени општини. Инвестираме во патната и железничката инфраструктура, го започнавме најголемиот проект вреден 1,3 милијарди евра за изградба на коридорите 8 и 10Д, од кои над 600 милиони евра ќе завршат кај домашните градежни компании. ВМРО-ДПМНЕ намерно шири лаги и невистини за овој проект, а токму заради провизиите на нивните функционери и промашените проекти, со години беше заглавен автопатот Кичево-Охрид, проект кој сега интензивно се гради откако беа отстранети сите недостатоци, порача Бочварски во Кривогаштани.