Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Министерство за правда: До истекот на рокот се пристигнати следните предлози од парламентарните политички партии за членови во работната група за уставни измени

Соопштение на Министерство за Правда:

Ве информираме дека до Министерството за правда, до истекот на рокот (10.04.2023) се пристигнати следните предлози од парламентарните политички партии за членови во работната група за уставни измени:

Цветанка Иванова-СДСМ
Арбр Адеми-ДУИ
Ремзи Мехмеди-Алијанса на Албанците
Соња Мираковска-НСДП
Нано Ружин-ЛДП
Христа Најданов-ДОМ
Темелко Ристески-Партија на пензионери
Раметула Куќи-ДПА
Еран Куртиш-Партија за движење на Турците
Бејџан Илјас-Демократска партија на Турците
Пристигнати предлози од институции:
Александар Спасов-Кабинет на претседател на Република Северна Македонија
Драган Тилев-Секретаријат за европски прашања
Шпенд Садики-Министерство за надворешни работи

Експертите кои ќе бидат дел од работната група за подготовка на уставните измени ќе се соопштат до крајот на неделава.

Ве информираме дека ова работно тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени.Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СОЛЗИ: Во страотна сообраќајка на патот Прилеп – Росоман загинаа 2 лица, повеќе се повредени

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК