Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Влажен бран носи нова тура дожд, а некаде и снег – Синоптичарите соопштија кога ќе има стабилизација

Под влијание на влажен бран денес времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег.

Потоа во следните три дена времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.

Во петок и за време на викендот ќе има локални врнежи од дожд и ретка појава на грмежи.

Прогноза за 11.04.2023
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 11°C до 18°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 12.04.2023
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 13°C до 20°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 13.04.2023
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 17°C до 23°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК