25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Апсења во пет градови, осум лица со лисици – полицијата упадна и во угостителски објекти поради дрога

Полицијата во седум одделни случаи, уапсила осум лица. Сите поради пронајдена материја за која се сомнева дека е дрога и за поседување марихуана. Уапсените се од Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Тетово. Меѓу нив има и хрватски државјанин.

На 09.04.2023 во 01.45 часот во угостителски објект на подрачје на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ч.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.04.2023 во 04.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Х.Ф.(21) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.04.2023 во 00.50 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода В.Б.(33) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.04.2023 во 01.00 часот во близина на угостителски објект во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода К.Р.(24) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.04.2023 во 22.45 часот пред угостителски објект на подрачје на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода Т.Х.(27) од Република Хрватска затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.04.2023 во 21.50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Л.(25) од с.Долно Палчиште, тетовско и Е.И.(24) од.с.Голема Речица, тетовско. затоа што при преглед кај нив и во возилото во кое се превезувале била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.04.2023 во 21.00 часот во с.Горно Палчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Б.(19) од с.Горно Палчиште затоа што при преглед во возилото во кое се превезувал, кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.