Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

320 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (06.04.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 320 возачи. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 100 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 220 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Нема пари од ИПАРД има смешни анкети од МВР

ДЕСК

Среде бел ден нападнат скопјанец на Средно Водно – причината крајно банална

ДЕСК

Што се случува на скопските улици: Пресретнат на пат и брутално нападнат маж додека возел кон Драчево

ДЕСК