Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски со свое присуство на свечената седница по повод 8 април, Меѓународниот ден на Ромите

Фејсбук статус на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи:

Денеска, во македонското Собрание присуствував на свечена седница по повод 8 април, Меѓународниот ден на Ромите, во организација на Интерпартиската парламентарна група за правата на Ромите во Република Северна Македонија.

За мене како министер и за МВР како институција – сите граѓани на Република Северна Македонија се еднакви пред Уставот и законите. Цврсто стоиме на ставот дека немаме апсолутно никаква толеранција кон било кој облик на дискриминација исто како што немаме дилеми во крајно ригорозниот пристап кон таквите девијации. Наша обврска останува заеднички континуирано да работиме кон рушење на сите бариери кои водат кон маргинализација на граѓаните од институциите, од општеството во целина.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК