3. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување

На 05.04.2023 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Т.Б. (41) од Скопје, вработена во Агенцијата за катастар на недвижностите за сторено кривично дело “Злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 став 1 вв став 3 од КЗ.

Имено, пријавената Т.Б. делото го сторила така што од позиција на службено лице во текот на 2015 година, постапувајќи по Пријава за отстранување на техничка грешка доставена до АКН од страна на правно лице од Скопје (кое сега во стечај) со датум од 24.04.2015, спротивно на одредбите од Законот за катастар на недвижности и Правилникот за одржување на катастарот, во катастарот на недвижности, за недвижен имот станбено-деловна зграда, извршила промена на сопственоста и упишала реални делови наместо идеални делови. На овој начин злоупотребувајки ја својата службена положба и пречекорувајки ги границите на своите овластувања, пријавената на горенаведеното правно лице му овозможила спротивно на законот непречено да располага со недвижниот имот, на штета на трети лица кои со правното лице склучиле преддоговор за заедничка градба, иако истата била должна поднесената Пријава да ја отфрли како некомплетна.

Имено, на 06.06.2003 бил склучен Договор за размена помеѓу правното лице во својство на инвеститор и лицата Ж.Ч.Н., Љ.Ј.Ч. и Т.Ч., сите сопственици на земјиште, каде што предмет на Договорот била изградба на станбено-деловен објект, за што од страна на општина Центар на ден 05.03.2014 било издадено Одобрение за градба со кое им било одобрено градење на станбено-деловна зграда во сооднос 70% за правното лице и 30% на останатите градители. За време на изградбата на објектот, на 24.04.2015, правното лице до АКН поднело Пријава за отстранување на техничка грешка, без притоа да ја поднесе соодветна документација, без да приложи било какви списи и без да наведе што точно се бара со исправката на грешка, и по изготвен стручен наод и мислење од страна на стручно лице од геодетска насока предметот бил доставен кај кривично-пријавената на одлучување. Пријавената иако била должна да го отфрли барањето како некомплетно, истата на 29.04.2015, иако не биле исполнети предвидените услови постапила по пријавата за исправка на техничка грешка, и спротивно на Законот во постапка за исправка на техничка грешка извршила промена на податоците на носителите на правата на конкретната недвижност во листовите за предбележување, односно пријавената Т. Б. извршила промена на сопственоста на недвижност. За извршената промена, на 29.04.2015 била издадена Потврда за отстранување на грешка и дополнително, а спротивно на Законот за катастар на недвижности, Потврдата не била доставена до останатите сосопственици на недвижноста, со што им било ускратено законското право на правна заштита, односно можноста истата да ја оспорат пред надлежен орган. До АКН преку ополномоштен адвокат, од страна на трговско друштво од с. Звегор, Делчево било доставено Пријава за запишување на промена во катастарот на недвижностите, а кон пријавата како правен основ била приложена Пресуда со датум од 27.05.2019 изречена од страна на Основен граѓански суд Скопје. Имено, на 20.07.2015 г. помеѓу правното лице од Скопје и трговското друштво од с. Звегор бил склучен Преддоговор за купопродажба на недвижен имот согласно кој продавачот, правното лице од Скопје, презел обврска да му пренесе во сопственост на купувачот соодветен дел од објектот, земјиштето под и околу објектот односно да му пренесе во 70% сопственост од изградениот објект, градежното земјиште, паркинг местата и заедничките простории. За исполнување на обврската правното лице од Скопје презело обврска веднаш по добивање на имотен лист како доказ за сопственоста на земјиштето под објектот да склучи главен договор со кој истото ќе му го пренесе во сопственост на трговското друштво од с. Звегор. Од страна на трговското друштво од с.Звегор објектот бил довршен и при постапката за упис на сопственоста заедно со другите инвеститори во АКН, од страна на трговското друштво од с. Звегор увидено е дека постои прибелешка од страна на УЈП, поради што поднело тужба до Основен суд Скопје.

По поднесената тужба била донесена Пресудата од 27.05.2019 согласно која правното лице од с. Звегор се стекнало со право на првенство на укнижување на право на сопственост без товари на реални делови од недвижен имот и оваа пресуда преставува основ за промена во катастарската евиденција во нов имотен лист и издвојување на овој имот од останатиот имот на другите сосопственици, за кои било утврдено истите да го задржат својот идеален дел. Со Пресудата покрај утврденото право на првенство на укнижување и право на сопственост АКН била задолжена да изврши и бришење на сите правни дела-хипотеки и реални товари, запишани по предбележувањето на склучениот Договор помеѓу правното лице од Скопје и трговското лце од с. Звегор, со што е нанесена штета на трети лица. Со горенаведените инкриминирачки дејствија, пријавената постапувајки надвор од границите на своите службени овластувања и злоупотребувајки ја својата службена положба и овластувања, на штета на трети лица, му овозоможила на правното лице од Скопје спротивно на законот непречено да располага со недвижниот со што го сторила кривичното дело “Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 1 вв став 3 од КЗ.