27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Уставни измени по македонски модел за европска иднина!

Уставните измени се една од обврските кои нашата држава ја има согласно со преговарачката рамка усвоена од 27 земји членки на ЕУ и носењето на уставните измени структуриран процес кој започнува преку работа на работна група на експертско ниво, порача претседателот на СДСМ во одговор на новинарско прашање.

Осрнувајќи се на таканаречениот хрватски модел за измена на Уставот, Ковачевски посочи дека има македонски модел кој ќе ја обезбеди европската иднина на државата.

„Сметам дека ние имаме и македонски модел бидејќи ние секогаш сме се бореле за македонска држава, за македонски јазик за кој се изборивме во преговарачката рамка и договорот ФРОНТЕКС, за македонски идентитет во кој се изборивме во преговарачката рамка. Сметам дека треба да продолжиме со македонски консензус, со македонска политичка волја и со македонска визија за европска Македонија“ посочи Ковачевски.

Претседателот Ковачевски истакна дека во работната група се поканети претставници од сите политички партии и повика темата за уставни измени да не биде користена за дневна политика.

„Обврска на сите политички партии е исто како што било обврска на сите политички партии е да ги поддржат стратешките одлуки на држава и тие да не станат предмет на дневнополитичка борба. За дневнополитичка борба постојат други прашања на кои што може да се разговара со политичарите, со опозицијата, меѓу опозиционите партнери. Ова се важни одлуки за иднината на сегашните и идните генерации кои сакаат подобар животен стандард, сакаат врвни демократски институции, сакаат функционални услуги во своите држави а тоа се добива кога државата ќе ги воспостави критериумите, практиките и процедурите и законите согласно европското законодаваствои нивното функционирање на начин како функционираат во ЕУ. На крајот, македонските граѓани сакаат да живеат во ЕУ, ама сакаат да живеат во ЕУ дома, а не да живеат во ЕУ во туѓина, во држави кои се членки на ЕУ“ заклучи Ковачевски.