Centar.mk
БИЗНИС

Визер и Луфтханза доставија барања за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии

СООПШТЕНИЕ НА МТ
Ве информираме, денеска во просториите на Министерството за транспорт и врски се отворија барањата за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии од двата аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.

На јавниот повик кој што траеше од 1 март 2023 година до 31 март 2023 година документација доставија две авиокомпании и тоа Визер и Луфтханза.

Комисијата составена од членови од неколку државни институции во следниот период ќе изврши евалуација на доставените понуди, согласно утврдените крутериуми во јавниот повик.

Јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии беше распишан во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска унија.

Финансиската поддршка има за цел поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија, заради квалитетен развој на цивилното воздухопловство, формирање на поконкурентни и подостапни цени на билетите што директно подразбира нови дестинации за граѓаните на Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ТОКМАТ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Можно ли е поскапување на дизелот и бензинот од вторник? Нафтата на светските берзи достигна 93 долари за барел

ДЕСК

Пензионерите мартовската пензија ќе ја добијат во април со илјада денари покачување – за две години пензиите се зголемени четири пати

ДЕСК

Седум „злата“ и три сребрени признанија: Врвните вина на „Тиквеш“ брилираа на Mundus Vini Spring Tasting 2026

C +