28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вучиќ по средбата со Ковачевски: Односите меѓу Белград и Скопје се најдобри во историјата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се сретна со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, при што во оваа прилика двајцата официјални претставници се согласија дека односите меѓу двете земји се најдобри во модерната историја, соопштија од прес-службата на Вучиќ.

Претседателот Вучиќ изјави дека во Србија и Северна Македонија постои силна политичка волја за натамошно зајакнување на соработката и предложи конкретни чекори на полето на трговијата, туризмот, културата и спортот.

Премиерот Ковачевски истакна дека нема повеќе отворени прашања меѓу Србија и Северна Македонија и дека партнерството меѓу двете земји е пример за регионот. Тој рече и дека трите документи, кои се потпишани за време на неговата посета на Белград, ќе дадат дополнителен поттик за зајакнување на соработката.

Претседателот Вучиќ додаде дека Србија е решена да промовира позитивна агенда ориентирана кон иднината во односите во регионот, што може да се види преку нејзината активна улога во иницијативата Отворен Балкан, а со премиерот Ковачевски разговараше за соработката во рамките на таа иницијатива и дополнителни придобивки. за граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија.