Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

ТЕШКО ВАС АКО ГИ ИЗЛАЖИТЕ: Ова се хороскопски знаци кои не простуваат – ќе ви го направат животот пекол!

Велат дека довербата е клучот за успешна врска, но секој од нас сака да има верен партнер. Лојалноста е најважна за некои луѓе во емотивната врска, а тие самите можат да се пофалат дека се посветени партнери.

Затоа никогаш нема да простат предавство, а хороскопот ве советува да не „играте“ со нив. Ова се знаците во кои најчесто се раѓаат:

БИК
Луѓето родени во знакот Бик се познати по својата стабилност и сигурност, особено во врските. Тие се многу посветени на партнерот и обично имаат само долги врски. Бикот не ги зема лесно минливите авантури, ја цени лојалноста и наклонетоста. Лојалноста им е најважна и затоа никогаш нема да простат изневерување.

ВАГА
Вагите секогаш се трудат да воспостават рамнотежа во емотивната врска. Тие се лојални и верни на партнерот, па истото го очекуваат и од него. Вагите секогаш ќе бидат тука за партнерот и пријателите, но доколку откријат дека сте ги изневериле, може да се претворат во се што не сте очекувале. Вагата знае да ве остави да мислите дека си играте со неа, а всушност таа е таа што ги држи конците во раце.

СКОРПИЈА
Најстрасниот хороскопски знак за кој многумина мислат дека е неверен. Напротив, Скорпијата сака да флертува дури и кога е зафатена, но секогаш знае каде е линијата. Скорпијата високо ја цени лојалноста, посветеноста и верноста. Тој го доживува изневерувањето како најголемото предавство што може да го доживее и потоа може да стане кошмар за сторителот. Ако сте во врска со Скорпија, секогаш бидете искрени.

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 25 јули 2025

ДЕСК

Хороскоп кој ќе ви ги отвори очите: Кои знаци блескаат и се движат кон успех

ДЕСК

Дневен хороскоп за 24 јули 2025 – Кому ќе му тргне во четврток?

ДЕСК