20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Полицијата им е зад пети на кластерот интернет терористи осомничени за дојавите за бомби во Македонија – под “напад” деновиве се и Бугарија, Србија и Босна

Деновиве во Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија на сличен принцип како и во Македонија стигнаа десетици дојави за бомби во училишта и образовни институции.

Во Бугарските медиуми веќе се шпекулира дека дојавите за бомби во оваа земја доаѓаат од проруска партија во Македонија.

И македонската полиција го стега обрачот околу интернет терористите кои со месеци ја вознемируваа јавноста преку злоупотреба на децата.

– „Има група, еден кластер за кој се преземаат низа истражни дејствија, само ова може да се каже за сега. Кога ќе добиеме повеќе докази ќе биде поднесена кривична пријава. Ова е петта пријава до сега. Три се во Скопје, една во Кавадарци и една во Делчево. Кога ке се завршат постапките од истражните дејствија јавноста ќе биде известена. Истрагите се водат во институциите, а не во медиумите и јавноста. Сега има многу информации но и дезинформациии“, рече Оливер Спасовски.

МВР ги открила и ги знае кои се луѓето кои со месеци ги тероризираа родителите и децата.

Ќе има апсења кога ќе има доволно докази.

Но дали се членови на политичка партија како што откриваат бугарски полициски службеници или мотивите се други засега не се открива.

Ако во Македонија бомбите имаа соддржина со напад на Владата и барање за нејзино рушење, во Бугарија бомбите се со следните пораки:

-Ние сме организација на македонски националисти. Доста ни е од Бугарија и нејзината политика. Сите училишта во Стара Загора ќе бидат
разнесени од нашите бутански бомби. Сите ваши деца ќе загинат. Слава на Македонија. За Русија, стоело во содржината на заканувачката порака која ја пренесуваат медиумите во Бугарија.

Во Македонија повеќе од сто дена училиштата добиваа лажни дојави за бомби, евакуации имаше и во тргвовци центри, аеродроми…

Штетите предизвикани од заканите за бомби се огромни, не само економски, туку и по здравјето и психичката состојба на учениците и граѓаните, со оглед дека постојано се предизвикуваше вознемиреност.

Аналитичарите велат дека заканите за бомби во Македонија имаат една и единствена цел, а тоа е да го срушат рејтингот на владејачката партија и да ја тргнат про-западната коалиција од власт со цел носење на анти-западни политички ликови на тронот.

Спонзорирано: