8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Драстична промена на времето: Од понеделник студ, дожд, а некаде и снег

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Во попладневните часови ќе има краткотраен локален дожд со ретки грмежи.

Во сабота ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.

Во понеделник под влијание на нов влажен и постуден бран ќе има врнежи од дожд, на места пообилни, засилен ветер и пад на температурата. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Прогноза за 01.04.2023
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 16°C до 22°C

Умерено облачно со умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Прогноза за 02.04.2023
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 14°C до 19°C

Променливо облачно со локален дожд, претежно попладне и во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Прогноза за 03.04.2023
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Облачно со врнежи од дожд, на повеќе места поројни и обилни. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Спонзорирано: