8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Ги означуваме последните чекори на кампањата „Гласна и храбра“

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска го започна денот со посета на „Преплет“ женско претприемништво, продавница за подароци формирано од успешни жени и веќе функционира 10 години. Министерката беше пречекана од страна на сопственичките на „Преплет“, графичките дизајнерки, Викторија Лаговска Хајредин и Магдалена Аврамовска архитектката Емилија Ланговска и нивните две вработени Фросина Крстевска и Сандра Костовска. Во рамки на кампањата „Гласна и храбра“ министерството за труд и социјална политика остави трага на местата каде што се одржаа настаните за економско зајакнување и ментално здравје со семиња од цвеќе. „Преплет“ ги дизајнираше производите кои беа дел од кампањата,а имаа за цел да ја пренесат пораката на „Гласна и храбра“.

За време на посетата на продажното место и работилницата на „Преплет“ беше разговарано за инспирацијата за работа, историјата на нивниот бизнис и нивната мрежа на купувачи. Овој бизнис претставува и пример за инклузија. Во изминатите години поддржани од мерките на Фондот за иновации и технолошки развој имаат дизјанирано маици испишани на Брајово писмо. Сопственичките ја известија министерката за уште една нивна иновација – Подароматот кој може да им овозможи на купувачите да купат од нивните производи во било кое време од денот.
„Вие сте пример за тоа дека со ентузијазам, упорност и решителност може да се успее! Токму како пораката на семето, порака за успех“ посочи Тренчевска за време на посетата.

Министерката ја поздрави нивната иницијатива и се заблагодари за нивниот труд што ја одбележа кампањата „Гласна и храбра“ со што се остави трага и се даде вистинската нота и насока.

Можеби ќе ве интересира

Најнова вест: Се врши евакуација на зградите околу белата палата на ВМРО ДПМНЕ поради оставен сомнителен куфер

ДЕСК

Со мопед удрил во паркирано рено, младо момче повредено

ДЕСК

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот

ДЕСК