Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски присуствуваше на традиционална ифтарска вечера со пријателите од Mакедонско-турската стопанска комора

Фејсбук статус на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи:

Со посебно задоволство одговорив на поканата од претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски, да присуствувам на традиционална ифтарска вечера со пријателите од Mакедонско-турската стопанска комора, а во чест на Светиот месец Рамазан.

Радува заедништвото кое овој празник на милоста го поттикнува. Тоа, заедно со нашата определба за меѓусебно почитување и развивање на мултикултурно општество, се олицетворение на суштината на нашиот концепт „Едно општество за сите”, но и темелот на пријателството меѓу Северна Македонија и Турција, кое изминативе години е се’ посилно.

Во духот на братството помеѓу нас, имајќи предвид колку заеднички нешта не’ поврзуваат, на верниците муслимани им посакувам деновите на постот да ги поминат во мир и благосостојба. И, секако, упатувам посебна благодарност за споделената ифтарска вечера. Нека е за многу години!

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Предмалку почуствуван земјотрес од 2.9 степени според рихтер во Македонија – Сеизмолозите излегоа со информации

ДЕСК

Инцидент во угостителски објект во Скопје: Маж нападнат со тврд предмет

ДЕСК

Се запали возило во Скопје

ДЕСК