Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Аврамовска-Мадиќ: Разумот за уставните измени кај пратениците ќе преовладее, работната група се формира наредната недела

Заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ кажа дека ќе бидат побиени стравот и сомнежите за уставните измени. Таа во гостувањето во Телма телевизија кажа дека оваа Влада носи државнички одлуки, а прифатениот француски предлог е преточен во преговарачката рамка, која не може да се менува.

-Верувам дека разумот ќе постои кај сите 120 пратеници. Верувам дека ќе се одважат кога ќе дојдат нацрт амандманите во законодавниот дом, рече Аврамовска Мадиќ.

Таа истакна дека во текот на наредната недела ќе мора да се формира работната група и најбрзо што може да отпочне со работа.

-Треба процесот да го завршиме многу брзо. Дискутирањето со одредени лица за влез во таа работна група е веќе завршено и наскоро ќе се знае кој ќе учествува. Јавната расправа секако ќе се одржи … Во групата ќе бидат поканети претставници на сите партии застапени во Собранието. Јавноста ќе знае како ќе изгледаат амандманите и што се менува, кажа Аврамовска Мадиќ.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК