Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР издаде метео предупредување: Невреме во Македонија!

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (локално над 70км/час). Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во вечерните часови ветерот ќе го промени правецот во северен, што ќе услови брзо опаѓање на температурите, поради што на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег.

Во Скопје: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од југоисточен, а во вечерните часови од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Утре ќе биде ветровито и студено со значително пониски дневни температури. Ќе дува силен северен ветер, наместа со брзина и над 80 км/час. На планините повремено ќе провејува снег.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +

ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата, возвратија од СДСМ

ДЕСК