Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Демократската унија за интеграција на сите граѓани на Република Северна Македонија им го честита денешниот јубилеј – 3 години од членството во НАТО

Соопштение на ДУИ:

Демократската унија за интеграција на сите граѓани на Република Северна Македонија им го честита денешниот јубилеј – 3 години од членството во НАТО.

Да се биде три години дел од најмоќната воено – политичка организација во светот претставува остварување на најважната стратешка определба на граѓаните од самото осамостојување на земјата.

На тригодишнината од нашето членство можеме да констатираме дека Република Северна Македонија се покажа како рамноправен партнер на сојузниците во Алијансата, остварувајќи значаен придонес како во регионалната така и во европската безбедност.

Со своето политичко делување, Демократската унија за интеграција ќе продолжи активно да биде гарант за внатрешната стабилност на земјата, придонесувајќи со тоа и за остварување и на втората стратешка цел – членството на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК

БРИСЕЛ СО НОВ ИЗВЕШТАЈ – Напредок во Реформската агенда, уставните измени остануваат услов

ДЕСК